Превод на документи по тип
Превод на диплома
За запишување студии, признавање на квалификации или вработување во странство. Преведуваме дипломи, додатоци кон диплома, свидетелства и уверенија за положени испити.
Превод на извод од матична книга
Изводи од матична книга на родени, венчани и умрени, најчесто потребни за семејни и административни постапки.
Превод на уверенија и потврди
Уверенија за државјанство, потврди од институции и слични документи.
Превод на договор
Договори за купопродажба, вработување, закуп и деловна соработка, со прецизна правна терминологија.
Превод на полномошно
Полномошна и овластувања за употреба кај нотар, во банка или во странство.
Превод на лични документи
Лични карти, пасоши, возачки дозволи и други лични исправи.
Што да подготвите
- Читлив скен или фотографија на сите страници, вклучувајќи печати и потписи.
- Јазикот од и на кој се преведува.
- Дали ви е потребна заверка од судски преведувач (ако документот се поднесува пред институција, обично е потребна).
- Рокот – ако е итно, наведете го тоа.
Со или без заверка
Преводот без заверка е доволен за информативни цели. Ако документот се поднесува пред суд, нотар, министерство, универзитет или странска институција, најчесто е потребен судски превод со заверка. Ако не сте сигурни, прашајте ја институцијата што го бара документот или контактирајте нè.
Цени
Цената започнува од 300 МКД по стандардна страница (1800 знаци со празни места). Заверката од судски преведувач е 250 МКД, а за итни преводи се наплатува доплата од 30%. Точната цена зависи од јазикот и обемот.
Често поставувани прашања
Може ли да преведете документ на кој било јазик?
Преведуваме од и на над 30 светски јазици. Погледнете ја листата на јазици или нè контактирајте со јазичната комбинација што ви треба.
Колку време е потребно за превод на документ?
Рокот зависи од обемот, јазикот и сложеноста. За итни документи нудиме експресна изработка со доплата од 30%.
Дали ми треба апостил?
Апостил го издава надлежен државен орган, а не преведувачот. Дали ви е потребен зависи од земјата и институцијата каде се поднесува документот – проверете го барањето однапред.
Побарајте понуда за вашиот превод
Испратете го документот и добијте цена и рок. Работиме понеделник – петок, 8:00 – 16:00 ч.
Побарајте понуда