Целта на раководниот тим е Агенцијата за судски преводи МАК-АЛБ да остане синоним за професионализам и квалитетна услуга и првото место каде ќе се обраќаат физичките лица, семејствата, малите и средни претпријатија и големите компании, како домашни така и странски. На довербата на нашите клиенти, како и секогаш досега, ние ќе одговориме со потребните доверба и брзина, со цел што подобро да ги исполниме нивните барања.

Јасната определба на раководниот тим и вработените, да ги овозможат најдобрите решенија за потребите на нашите клиенти, останува нашата најголема предност. Воедно нашите стручни и искусни кадри се спремни да Ви ги обезбедат најдобрите услуги на пазарот, постапувајќи секогаш според принципите на приватноста и доверливоста.